Едно девојче загина, а осум лица се повредени во пукотница што се случила во саботата вечерта во трговски центар во градот Феникс, во американската сојузна држава Аризона, соопшти полицијата.
Полицискиот функционер Енди Вилијамс изјави дека во престрелката се повредени девет лица кои се пренесени во болница, а 14-годишно девојче им подлегнало на повредите, пренесе АП.
Две повредени жени се во животна опасност, а шест лица се со полесни повреди.
Засега осомничениот за престрелката не е идентификуван и никој не е уапсен, наведува АП.
Вилијамс изјави дека по кавгата на неколку лица, очигледно некој извадил пиштол и испукал неколку истрели.
Градоначалничката на Феникс, Кејт Галего, реагираше на Твитер и напиша: „Се чини дека не може да помине ниту еден ден без пукање на јавно место. Времето истече, промените мора веднаш да се случат“.