Едно лице загина, уште десетина се водат за исчезнати, а шест се спасени откако бродот се преврте во Мексиканскиот залив во американската држава Луизијана, информираа од американската крајбрежна стража.
„Reuters“известува дека пловниот објект долг 39 метри се превртел во бурните води и потонал на околу 13 километри од пристаништето Порт Фортун, а спасувачите, екипажите и волонтерските цивилни бродови на крајбрежната стража трагаат по уште десетина исчезнати лица.
Капетанот на крајбрежната стража Вил Вотсон изјави дека во моментот на несреќата ветерот дувал со брзина од 129 километри на час и дека имало бранови, како и дека две лица биле спасени во операцијата на крајбрежната стража.
Тој потенцираше дека е можно некои патници веројатно сè уште да се заробени во самиот брод.
„За жал, најдовме и безживотно тело на површината на водата“, рече Вотсон, а пренесе агенцијата „Reuters“.
Информира и дека бродот е во сопственост на компанијата „Сикор Марин“, транспортна компанија со седиште во Хјустон и дека ваквите пловни објекти често ги користат енергетските компании за градежни проекти или за сервисирање на нафтени платформи.