Досега се потврдени 131 случај на мајмунска сипаница, а се сумња уште на 106, откако првиот случај беше пријавен на 7 мај надвор од земјите каде што вообичаено се шири, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Во СЛОВЕНИЈА е потврден првиот случај на мајмунска сипаница, јавуваат словенечките медиуми.
Наводно, инфекцијата била откриена кај пациент кој дошол од Канарските острови.
Станува збор за полесна форма на болеста.
На прес-конференцијата за овој случај повеќе ќе каже Марио Фафангел, раководител на Центарот за заразни болести на Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).