CNN: Кинеската делегација ја напушти салата по говорот на Зеленски
Кинеската делегација на Светскиот економски форум во Давос не аплаудираше по говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа ја напушти просторијата, јави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американскиот конгресмен Мајкл Меккол, кој присуствува на форумот.
Меккол покажа слика додека беше во програмата, на која се гледа како претставници на Кина седат додека другите во просторијата аплаудираат.
После тоа, како што рече конгресменот, кинеската делегација ја напушти просторијата.
Претседателот на Украина денеска преку видео врска зборуваше на Светскиот економски форум во Давос, јави претходно ТАС С.
Тој повтори дека Украина не е подготвена за територијални отстапки, повика на поголема испорака на оружје за Украина и учество на западните земји во обновата на земјата по завршувањето на конфликтот.