Музејот на уметноста “LАCMA” приреди гала вечер која што ја спонзорираше модната куќа Гучи.

На забавата присуствуваа сите големи што нешто значат во Америка од Џеф Безос до Били Ајлиш. Имавме прилика да видиме некој нависта незаборавни модни изданиа на ѕвездите.

LACMA секоја година им оддава почест на влијателните амерички уметници така што приредува гала вечер. Овој пат, главен спонзор на случувањата беше модната куќа Гучи, а почесни домаќини беа режисерот Стивен Спилберг и глумецот Леонардо Дикаприо. Нормално повеќето од повиканите, носеле Гучи креации, како и заштитните лица на брендот Џарет Летоа, Лил Наса, како и Били Ајлиш во стандардните изданиа. Но сепак овие ѕвезди не се тие што најмногу го привлекоа модното внимание и заблескаа на гала вечерта.

Издвојуваме неколку од спектакуларните појавувања:

Ели Фанинг

Победник на вечерта со драматичен и сензуален фустан дефинитивно е Ели Фанинг со нејзиниот темен кармин ја постигнува мистериозноста и заводливоста изглед кој се памти.

Дајен Китон

Глумицата Дајен Китон е доказ дека не постои старосна граница за носење на забавни парчиња грдероба. Во светкавиот Гучи костим изгледа подобро него било кога.

Мајлис Сајрус

Уште едно запазено Гучи & Баленцијага костим носеше Мајлис Сајрус. Изгледа откачено и кул, таа се почесто превзема модни ризици кој што во главном и се исплатат.

Хејли Бибер

Ни го презентираше гламурот на Саинт Лорент и е една од ретките кој што не носеле Гучи. Истата во повеќе наврати има истакнато дека обожава накит и шминка, па и на оваа гала вчер го повтори истото.

Адисон Ре

Репер на белиот фустан на Хајли е црната сексибилна тоалета на Сент Лорент која што ја носеше пејачката Адисон Ре. Длабокото деколте никогаш подобро не изгледало.

Дакота Џонсон

Се враќаме на Гучи, Дакота Џонсон може да износи се, па и нежно розе палазо панталони. Нејзиниот светлуцав топ е дефиниција на гламурот.

Суки Вотерхаус

Слична палета бои на Гучи носела манекенката Суки Вотерхаус. Нежната комбинација од чипка крлушки и крзно едноставно восхитува.

Флоренс Велч

Најпосле рок богињата изгледаше навистина грациозно во Гучи тоалетата со преубава плава боја, а кројот на фустанот и дрталите на него претставуваа мало ремек дело.

By Author