Италијанската полиција растури синџир за дистрибуција на дрога, заплени 760 килограми кокаин скриен во контејнери со сирова телешка кожа, јавија денеска локалните медиуми.
Се наведува дека приведени се 21 лице, меѓу кои претежно Италијанци и Доминиканци, како и еден Албанец, објави Албански Дејли Њуз.
Според проценката, вредноста на запленетиот кокаин на нарко-пазарот би достигнала повеќе од 60 милиони евра доколку се продава во дози и 23 милиони доколку се продава целосно.
Се наведува дека дрогата е запленета во Болоња, а се сомнева дека во Италија пристигнала од Јужна Америка и дека била во контејнери натоварени со сирова телешка кожа.
Се додава дека над 700 килограми биле скриени во спакувани парчиња, кои биле идентични по изглед, големина и тежина од околу 500 грама.
Освен дрога, запленети се и 341.000 евра.