Македонската полиција постои за да им служи на македонските граѓани, да се грижи за секојдневната заштита на нивните животи, лична безбедност и сопственост. Борејќи се против организираниот криминал, заштита на демократските институции, утврдени со Уставот и спротивставувањето и заштита од тероризам, припадниците на Министерството за внатрешни работи придонесуваат кон добросостојбата и напредокот на Република Македонија и нашето општество генерално.

 Честитки по повод 7-ми Мај-Денот на Македонската полиција. На сите службеници и припадници на полициските безбедносни сили им посакуваме најпрво добро здравје, големи успеси и подобри услови за работа.
Безбедноста и сигурноста на граѓаните е важна основа за стабилност и развој на едно општество. Вашата подготвеност за делување во кризни состојби и посветеноста во делот на зачувувањето на јавниот ред и мир се од исклучително значење за нашата држава.

By Author