Американското Министерство за правда објави дека запленила криптовалути во вредност од 3,6 милијарди долари кои биле украдени за време на хакирањето на „Битфинекс“ во 2016 година. Властите уапсија две лица осомничени дека планирале да „перат“ дигитална стока. Крипто-измамата во 2021 година се проценува на 14 милијарди долари.

Оваа заплената на криптовалута вредна 3,6 милијарди долари е најголемата финансиска досега, изјави заменичката државна обвинителка Лиза Монако, пренесува CNBC.


Официјални лица велат дека уапсиле брачен пар од Њујорк кои се обвинети за перење пари.

Доколку бидат осудени за перење пари, им се заканува затворска казна до 20 години и уште пет години затвор за измама.

Двојката е обвинета дека се обидела да „исперат“ 119.754 украдени биткоини, откако хакерот упаднал во системите „Битфинекс“.

Официјалните лица рекоа дека успеале да запленат повеќе од 94.000 биткоини, чија вредност во моментот на заплената била околу 3,6 милијарди долари.

Вредноста на украдените биткоини моментално се проценува на околу 4,5 милијарди долари.

Измамите на пазарот на крипто се вообичаени во последниве месеци. Според истражувачката компанија блокчејн „Чејналисис“, измамите на крипто пазарот минатата година се проценети на 14 милијарди долари.

By Author