Иран денеска објави дека го осудил притворениот белгиски државјанин Оливие Вандекастил на 40 години затвор за наводна шпионажа, соработка со САД против Техеран и перење пари.
Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека Белгиецот ќе добие и 74 удари со камшик.
Осудениот Белгиец е хуманитарниот работник Оливие Вандекастел, кој беше уапсен во февруари и ги отфрли сите обвиненија против него.
Белгискиот уставен суд неодамна го суспендираше договорот меѓу Иран и Белгија со кој ќе се спроведе можна размена на затвореници меѓу двете земји, но министерот за правда Винсент ван Кујкенборн претходно изјави дека договорот сепак ќе биде правно релевантен во случајот Ванденкастил.