Вчера (19.01.2022) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 34 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 10 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 24 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци-соопштуваат од МВР.

By Author