Ски-центарот на Попова Шапка информира дека поради појава на густа магла, заради безбедносни причини, запрени се шестоседата жичница “Церипашина” и ски- лифтот-“Ге”

Воедно од ски-центарот информираат дека во текот на денот, поради појавата на густа магла и намалена видливос, биле изгубени 30 посетители кои подоцна со помош на лицата одговорни во рамките на Ски- центарот “Попова Шапка” биле пронајдени, додека пак тројца од посетителите кои се повредени, се извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде со помош на Итна медицинска помош еден од нив е пренесен во медицинска установа за понатамошнп лекување.

By Author