На полноќ тешка сообраќајна незгода се случила на крстоносницата ул.„Св.Кирил и Методиј“ и ул.„Народен фронт“ помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Б.Ф.(42) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, управувано Л.Љ.(31) од с.Радуша, скопско, и двете со скопски регистарски ознаки. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобила 29 годишната М.Љ од с.Радуша и истите биле констатирани во комплексот клиники Мајка Тереза изјавија од СВР Скопје.
Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото „ауди“, В.С.(44) и М.Л.(41), и двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.