После две години реставрација и ширење на изложбениот простор, во Москва повторное отворен музејот “Московскиот дом на Достоевски”. Во минатото овој музеј завземаше само една просторија,а сега се простира на три спрата во северното крило на Маријанската болница за сиромашни. Таткото на писателот работел како лекар во болницата ,па така Фјодор Михајлович Достоевски годините од детството ги поминал таму.
Отварањето на музејот доби голем публицитет затоа што присуствуваше и председателот на Русија Владимир Путин. 200 годишнината од раѓањето на големиот руски писател се одбележува низ многу земји во светот. Унеско 2021 година ја прогласи за година на Достоевски.
Збирката во музејот е поделена во три основни тематски блока .
Првиот дел е детството на Достоевски во Москва. Втората тематска целина е “Судбината на писателот Достоевски”, а третата “Читателската судбина на делата на Достоевски”.На третиот спрат е дел од изложбата која може да се нарече Достоевски после Достоевски.Во тој дел се гледа како различни генерации читатели ги прифакаат делата на големиот писател-од писатели,уметници,режисери….Тоа е представено и во мултимедијална поставка.
Во музејот сега постои и театарска сала во која може да се одржуват,предавања, научни дискусии, музички вечери.
Путин одушевен од новата поставка и музејот во книгата на угледни посетители напишал: “Големо благодарам на организаторите и на оние кој ѓи сочуваа сеќавањата на Фјодор Михајлович Достоевски-генијалниот мислител и патриот на Русија”.
Целиот све се восхитуваше и се восхитува на талентот на Достоевски. Неговите дела се преведени на 177 јазика.Направени се повеќе од 200 екранизации, а првата е направена во 1909. За последните десет години само во Русија неговите книги се печатени во тираж од 4,33 милиони примероци.