Отвореното писмо од групата пензионирани генерали кои бараат „одбрана на Франција“ од исламизмот наиде на симпатии во јавноста, но тоа претставува проблем за претседателот Емануел Макрон пред претседателските избори следната година.
Во писмото на околу 20 пензионирани генерали се споменува „опасноста за Франција“ од „исламизмот и ордите од предградијата“ на големите градови, населени со мигранти и каде како што тврдат некои, владее беззаконие.Во текстот, со едвај сокриен повик за државен удар, се вели дека ако властите седат со скрстени раце, „може да дојде до последна експлозија и интервенција на активните (воени) другари“ со цел да се заштити француската цивилизација и нацијата.
Меѓу потписниците е и поранешниот генерал Кристијан Пикмал, кој беше отпуштен од армијата во 2016 година, поради радикални десничарски ставови. Писмото го потпишаа и активни членови и локални претставници на екстремно десничарската партија Национално собрание Марин Ле Пен.
Марин Ле Пен со задоволство го поздрави отвореното писмо.„Обврска на сите француски патриоти е да застанат и навистина да ја спасат земјата“, рече таа, но додаде дека тоа мора да биде „мирна борба” создавајќи навидум дистанца од флертувањето со пучот.
Писмото доаѓа во незгоден момент за Макрон, бидејќи привлекува внимание на фактот дека, според анкетите, тој е помалку популарен во воените редови од Марин Ле Пен.Дел од Француската јавност, според анкетата, проценува дека Макрон не направил доволно во областа на безбедноста.