Вечерва се случил инцидент во автобус со број 51 на ЈСП, во кој според повеќе медиуми избила групна тепачка меѓу патници.
Извори на порталот Прес 24 откриваат дека всушност причина за немилиот настан била, место за седење во автобус отстапено за некое девојче.
Поради ова, група средношколци од Студеничани и Моране запошнале физичка пресметка. Едниот од напаѓачите извадил нож по что се избоделе и напаѓачот и нападнатите.
Дел од медиумите пренесоа дека неколкумина се повредени во тепачката, а неофицијалните информации од терен говорат дека нападната била и новинарска екипа. Околу автобусот, кој стоеше на коловозна лента пред споменикот на Тодор Александров, собрани беа неколку десетици млади млади луѓе, а на местото пристигна и тим на интервентната полиција.
Од Министерството за внатрешни работи сеуште немаат испаднато со официјално соопштение за настанот.