Брачниот советник откри 12 основни прашања кои сите парови треба да ги знаат еден за друг во првите шест месеци од врската.

Терапевтот Џеф Гинтер од Портланд сподели видео на TikTok во кое кажува што треба да знаете за вашиот партнер пред да започнете посериозна врска.

Тој објасни дека учењето за тоа како вашиот партнер го дефинира успехот и како семејството влијаело на неговиот/нејзиниот живот е „важни основи врз кои може да се изгради понатамошна врска“.

Еве за кои 12 прашања станува збор.

1. Што ги тера да се смеат или плачат?

2. Која е нивната страст?

3.Како нивното семејство влијаело на нивниот развој?

4. Што ги лути?

5. Дали имаат духовни верувања и како тоа влијае на нивните животни избори.

6. Кои животни моменти ги дефинираа?

7. Што им е најважно?

8. Како би го дефинирале успехот?

9. Каква поддршка им е потребна кога се под стрес или тажни?

10. На што се најмногу горди на себе?

11. Што може веднаш да го подобри нивното расположение?

12. Како ги полнaт своите емотивни батерии?

Видеото е лајкувано повеќе од 1,3 милиони пати – сепак, некои луѓе се пошегуваа дека не знаат како да одговорат на овие прашања за себе, а камоли за нивните партнери.

Џеф се обиде да ги увери своите гледачи на почетокот на видеото, велејќи:

„Ако не ги знаете овие работи, не паничете, само прашајте се. Како советник за парови, мислам дека ова се важни основи врз кои сакате да ја изградите вашата врска“.

By Author