Во саботата вечерта околу 23 часот се случи несреќа во Грција, кога авион се урна на околу 40 километри од аеродромот во Кавала. Итната помош излегла на местото на настанот, а градоначалникот ги повикува жителите да се држат настрана.

Во областа Кавала се слушаат сирени по падот на украинскиот авион Антонов во Палеохорија. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, пилотот побарал итно слетување. Според командантот на грчката цивилна авијација, Константинос Ликаракос, леталото полетало од Србија и се упатило кон Јордан.

Како што може да се види на видеото, леталото се запалило и следела експлозија, пренесува Прото тема.

Според градоначалникот на општина Пангеа, станува збор за авион кој превезувал муниција.

На местото на падот на засега непознатото летало се наоѓаат противпожарни екипи и возила за итни случаи, пишува protothema.gr.

Во околните градови прекинато е снабдувањето со електрична енергија.

By Author