Кога имате моменти кога се сомневате во себе, во луѓето и во љубовта – запомнете ги овие 10 пораки од познатиот персиски суфист, поет и мистик Мевлана Џелалудин Руми, кој живеел во 13 век. Овој мудар поет на љубовта остави зад себе стихови кои човештвото вечно ќе ги памети, а секој ден од нив можеме да научиме нешто ново.
– Љубовта не е толку колку што зборуваш за неа, туку колку што страдаш и гориш за неа.
– Подобро е да барате решенија за взаемна љубов отколку да барате изговори за меѓусебниот гнев и кавги.
– Не ги сакам моите пријатели со моето срце или со својот ум. Затоа што се случува срцето да застане, а умот да заборави. Ги сакам со душата, бидејќи душата ниту застанува, ниту заборава.
-Не би знаел што е љубов да не почувствувам што е копнеж.
– Го носам тоа што го имам на себе, а во срцето го носам она што го сакам.
– Секогаш кога ќе се појави тага, биди љубезен кон неа, затоа што Бог ставил бисер во раката на тагата.
– Две работи го уништуваат животот на човекот: – предавство што му доаѓа од пријател и – милост што му доаѓа од непријател.
– Научете се колку сакате, но знајте дека поседувате само онолку колку што разбира вашиот соговорник.
– Прво „образувај го срцето“ па дури потоа јазикот. Затоа што зборовите доаѓаат од срцето и излегуваат од устата.