КАНАДСКИОТ професор по психологија Џордан Петерсон рече дека Западот е во неволја поради војната во Украина.
Петерсон вели дека на почетокот на Првата и Втората светска војна сите мислеле дека војната ќе трае неколку месеци, а потоа верувале во лесна победа.
-Ова не е локален конфликт меѓу Русија и Украина, туку војна меѓу Русија и целиот Запад. Ќе биде чудо ако ова не не погоди сите нас – изјави Џордан Петерсон.
Тој посочи дека не е паметно да се сака Русија, која има нуклеарно оружје, да загуби во Украина.
– Мислите дека тие ќе загубат, а ние нема да загубиме заедно со нив? Тоа нема да се случи. Си играме со оган и мислам дека тоа што се случува меѓу Русија и Украина е граѓанска војна на Запад. Русија е Запад – смета канадскиот професор.
Исто така, Џордан Петерсон вели дека е неверојатна глупоста на европските лидери кои дозволија Европа да биде енергетски зависна од Русија.
На новинарско прашање „дали претседателот на Русија Владимир Путин е луд“, Петерсон одговори дека нема докази за такви тврдења и рече дека никогаш не е пожелно да се потценува противникот.