Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со обвиненија за скапо реновирање на стан кој е во негова сопственост по серија обвинувања изнесени од неговиот поранешен советник.

На својот блог објавен доцна синоќа, советникот на поранешниот премиер Доминик Камингс го обвини својот поранешен шеф за „неетички и веројатно незаконски“ план кој Конзервативната партија го финансирала скапото и сеопфатно реновирање на неговиот стан во кој што живее свршеницата Кери Симондс и младиот син.

Ова е последното во низата обвинувања против Џонсон и другите конзервативци, вклучувајќи го и поранешниот премиер Дејвид Камерон, дека ги прекршиле правилата при контактите со донаторите и бизнисмените и се обиделе да ги прикријат.

 Опозициските партии ги засилија обвинувањата пред локалните избори закажани за следниот месец.

Британската влада пак, објави дека трошоците за реновирање на станот ги платил самиот Џонсон, кој се проценува на околу 280.000 долари.

Портпаролот Стив Рид рече дека владата треба да ги објави сите преписки во врска со плаќањата или донациите за реновирање на станот на премиерот.

„Ако луѓето дадат големи донации за Конзервативната партија и владата, треба да знаеме кои се тие за да можеме да се осигураме дека владата не им прави услуга за возврат“, изјави Рид за радио „BBC“.

Изборната комисија, која ги надгледува изборите и ги регулира политичките финансирања во Велика Британија, соопшти дека сè уште бара одговори од Конзервативната партија за тоа дали одредена сума на пари требало да биде пријавена согласно законот за политички донации.

By Admin