Веднаш штом раскина со Родригез, се појави Бен Афлек, а сега повторно – пресврт.
Може да се каже дека Џенифер Лопез (51) изгледа подобро од кога и да е, но се поставува и прашањето: Дали Џеј Ло намерно ги предизвикува лажните вести цело време?
Џеј Ло направи бучава на добротворниот перформанс на Глобалниот граѓанин „Вакс во живо“, што се одржа во неделата вечерта. На овој концерт присуствуваше и принцот Хари, без Меган. Сепак, многу поинтересно беше што во салата во Лос Анџелес беше виден и актерот Бен Афлек, кој дојде сам.
Таа смени неколку костуми, од кои и жолт трико со танга додека Бен Афлек беше во публиката!
Инаку, Џеј Ло ја раскина свршувачката со Алекс Родригез минатиот месец, а двајцата рекоа дека сакаат да „останат пријатели“. Наскоро, се појавија гласини дека пејачката тајно се гледа со своето поранешно момче – Бен Афлек.
– Алекс се надева дека ќе се смират, изјавил заеднички пријател за американските медиуми.
Сепак, Џеј Ло беше видена и со Алекс Родригез, по раскинувањето, како вечераат во ресторан во хотелот каде го имаа и првиот состанок во 2017 година.