Според годишното истражување на Economist Intelligence Unit (EIU), најскапите светски метрополи за живот во 2022 година се Њујорк и Сингапур. Овогодинешната листа се разликува од онаа од 2021 година, првенствено поради тоа што зголемените цени на енергијата двојно ја зголемија стапката на инфлација во големите светски градови.
Враќањето на Сингапур на врвот на листата не е изненадување, бидејќи градот беше втор најскап град во 2021 година и број еден осум пати во изминатите 10 години. Како што се променија работите, минатогодишниот „скап“ лидер Тел Авив падна на третото место, додека Сиднеј „влезе“ во топ 10.
Десетте најскапи градови за живеење во 2022 година сега изгледаат вака: Њујорк, Сингапур, Тел Авив, Хонг Конг, Лос Анџелес, Цирих, Женева, Сан Франциско, Париз и Копенхаген.
Зајакнувањето на валутите беше еден од факторите што ги поттикна градовите нагоре на рангирањето. Шест од осумте беа американски градови, предводени од Атланта, која падна од 42 на 46 место во рангирањето од 172 градови.
Американската валута остро се зголеми наспроти речиси сите останати, бидејќи Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки и сигнализираа натамошен раст.
На листата на најскапи градови паднаа градовите во земјите каде што националната валута ослабе. Токио и Осака завршија на 37. и 43. место, соодветно, во споредба со 13. и 10. место каде што беа во 2021 година. Најмногу паднаа Стокхолм и Луксембург за по 38 места – на 99 и 104 место.
Дамаск во Сирија и Триполи во Либија ги задржаа „титулите“ на најевтини градови во истражувањето.