Англискиот фудбалски клуб Њукасл во зимскиот преоден рок нема многу да се грижи за потрошените пари, а една од главните мети им е Душан Влахович.

Како што наведува италијанскиот “Калчомеркато” во Нукасл се спремни да платат дури 100 милиони евра како би дошле до српскиот репрезентативец.

Страчките дојдоа во сопственост на милијардерскиот фонд пред неколку месеци од Саудиска Арабија, на чие чело е Мохамед бин Салман.

Клубот во зимскиот преоден рок за појачувања кои се преку потребни ќе издвои од 200 до 300 милиони евра, со надеж дека ќе се изборат за опстанок во Премиер лигата.

Влахович е мета на многу европски гиганти како Манчестер Сити, Јувентус и Атлетико Мадрид. Србинот оваа сезона во 17 натпревари има постигнато 15 гола.Неодамна тој одби да потпише ркорден договор со Фјорентина, со која има договор до летото 2023 година.

“Виола” за него бараат минимум 80 милиони, асудбината на Влахович може да биде позната уште ова зимо.

Њукасл моментално се наоѓа на 19 предпоследно место во Премиер лигата со само десет бода и една победа после 17 одиграни натпревари.

By Author