ОВЕН

Дали вашиот партнер ви дава доволно љубов и внимание колку што заслужувате? Ако има работи што ве вознемируваат во врската, тогаш бидете отворени и кажете што е тоа што сакате да го промените. Можно е да се отворат некои стари емоционални рани.

БИК

Во љубовта не оди сè според планот, но важно е да пронајдете емоционална рамнотежа. Најважно овие денови е да се посветите на себеси и да воспоставите внатрешен мир. Љубовта кон себе е моќен двигател на сите добри промени.

БЛИЗНАЦИ

Време е да ги прекинете сите врвци што ве врзуваат за минатото. Ослободете се од старите приврзаности и емотивни дилеми и отворете го патот за некои нови љубовни возбудувања. Слободните Близнаци имаат шанса да запознаат некој нов и интересен.

РАК

Ве очекуваат бројни турбуленции, но важно е да останете приземни во овој момент. Верувајте дека порано или подоцна сè ќе се среди и ве чекаат подобри денови. Научете лекции од негативните искуства и оставете ги сите лоши спомени зад себе.

ЛАВ

Работите може да одат подобро отколку што очекувавте. Можни се мали несогласувања меѓу партнерите, но вие ќе успеете да решите сè и да затворите некои теми еднаш засекогаш. Сега е вашата шанса да ја подобрите вашата блискост – искористете го тоа!

ДЕВИЦА

На љубовнен план ве очекуваат многу промени, но ако се прилагодите, тие можат да ви донесат нешто убаво. Слободните Девици треба да се ослободат од багажот од минатото и да ги отворат своите срца кон нешто ново и убаво.

Вага

На крајот на април, Универзумот подготвува многу средби за вас, а една од нив може да биде клучна за љубовниот живот. Дружете се, забавувајте се и уживајте во пролетните романтични искри.

Шкорпија

Имате хармоничен однос со вашиот партнер, а заедничките активности ви помагаат да се зближите уште повеќе. Сега е време да се ослободите од сите ограничувања и да направите нешто ново, лудо и големо заедно. Поврзете се со вашиот партнер на подлабоко ниво.

ЈАРЕЦ

Периодов треба да бидете сами и да размислувате за своите мисли и чувства. Разговарајте отворено со вашиот партнер за вашите потреби. Ова е време кога треба да го пронајдете својот пат до емоционална и ментална благосостојба.

ВОДОЛИЈА

Понекогаш треба да се сруши лажната основа за да можете вистински да започнете од почеток. Иако не сте во согласност со моменталните промени, ќе излезете посилни од многу предизвикувачки ситуации и ќе најдете начин повторно да ја прифатите љубовта.

РИБА

Дали дозволувате вашите стравови да ве обземат? Она што Универзумот го сака во моментот е дека сè доаѓа во вистинско време, токму кога треба. Верувајте во големиот процес на живот.

By Author