Пет планети се ретроградни. Не е случајно. Полека деновите се скратуваат, се чувствува свежина во воздухот. Треба да се загреете, да се стуткаме. До емотивниот партнер е најубаво, но ништо помалку не е да се свиткаме покрај нашите мисли, да се преиспитуваме, да се потсетиме на некои луѓе или настани од минатото. Ако не сакаме, ѕвездите ќе се погрижат за тоа.
ОВЕН
Зафатените од владеењето на Девицата ќе има убав период полн со разбирање и љубов со партнерот. Овој месец ве очекува среќна и стабилна врска. Вие и вашиот партнер сте во добри односи. Нема да има кавги, бидејќи добро се разбирате. Ќе сакате да запловите во тоа прекрасно море на љубовта. Вие сте добар пример за страствен пар. Слободните може да очекуваат многу убави понуди, но и убави додворувања. Отворете го срцето и ќе ги забележите скриените сигнали.
БИК
Во септември ќе бидете особено искрени во љубовта. Не прашувај премногу. Нека работите тргнат по својот тек. Не е време за радикални потези и разговори. Оние кои се осамени треба да работат на самољубие и искрено да и пријдат на личноста која им се допаѓа.
БЛИЗНАЦИ
Овој месец ќе можете да постигнете стабилност во љубовниот живот. И зафатените и слободните треба да го користат своето најмоќно оружје – комуникацијата. Повторно заведете го вашиот постоечки партнер, танцувајте со зборови.
РАК
Љубовта е двонасочна улица. Секогаш имајте го тоа на ум. Ако не ви успее, молчете и почекајте да помине овој месец и потоа донесете одлука. Чувајте го срцето од незадоволство, љубовта треба да ви донесе среќа. Слободните треба да се подготват за додворување на зафатена личност.
ЛАВ
Дефинитивно враќање на старата љубов преку работа, зафатена или слободна. Вие одлучувате како да продолжите.
ДЕВИЦА
Вашето време за љубов. Сега правете се што ве прави среќни! Танцувајте, излегувајте и сакајте го вашиот партнер. Слободните имаат лекција за животот. Личноста спроти вас е вашето огледало.
ВАГА
Она што ве поттикнува е компатибилноста, тоа што ги споделувате истите морални вредности и принципи со личноста. Ако го немате тоа, можеби е време да тргнете по свој пат.
ШКОРПИЈА
Прифатете ја и ценете ја љубовта што ја добивате од партнерот. Овој месец вие и вашиот партнер ќе бидете во добри односи. Ќе има помалку расправии затоа што сте сфатиле како да комуницирате едни со други за вашите чувства и емоции.
Овде е личност од минатото. Тоа ќе биде сосема случајна средба која ќе започне вулкан во вас.
СТРЕЛЕЦ
Никогаш не заборавај кој си. Ако некој сака да ве промени, тоа не е личноста за вас. Слободните можат да се најдат во иста позиција некој да ве поскува, но да го променат тоа. Во никој случај!
Не се присилувајте да бидете во близина на луѓе кои не се за вас. Најдете начини да ставите крај на врската која не ви носи среќа.
ЈАРЕЦ
Не очекувајте премногу од овој месец кога станува збор за љубовта. Додворувачи нема да има. Но, затоа длабокиот, интимен разговор со себе целосно ќе ве промени.
ВОДОЛИЈА
Вашиот љубовен живот ќе биде исполнет со среќа, мир и хармонија. Ќе работите заедно за да го обезбедите здравиот однос. Со партнерот зрачите со прекрасна енергија и романтични емоции. Планетата Венера влијае на вашиот љубовен живот овој месец. Време е да почнете да работите на вашата интимна врска. Сексуалната енергија во септември е силна.
РИБИ
Зафатените луѓе очекуваат нивните партнери да им ги читаат мислите. Сепак, подобар е разговор лице в лице. Слободните сакаат се, но кога ќе се појави конкретна можност, вие се повлекувате. Размислете зошто го правите тоа.