Мај ќе биде доста експлозивен на љубовно поле.

Венера се движи во Овен од 2 до 28 мај – женската планета во машкиот знак создава посебна атмосфера, погодна за страсти, но и „експлозии“.

Венера, планетата на љубовта, ја засилува нашата потреба за љубов и интимност, додека Овенот поттикнува борбеност, па желбата да се добие сè одеднаш ќе доведе до драматични ситуации. Проблеми ќе направат и ретроградниот Меркур и затемнувањето на Сонцето, пишува Atma.hr, а погледнете како ќе се справи со тоа вашиот хороскопски знак.

ОВЕН
Овој месец можете да очекувате се, од возбудлива романса до раскинување, а можно е и обнова на стара врска. Малку е веројатно дека ќе бидете задоволни со вашиот личен живот, но во секој случај, лекциите научени од претходно ќе ви бидат корисни. Можни се нови интересни познанства, но не брзајте со заклучоците. Нека работите тргнат по својот тек.

БИК
Подгответе се за тешкотии и неволји на полето на личните односи. Затемнувањето, како и ретроградниот Меркур во вашиот знак, ќе ви донесат ролеркостер од емоции. Ќе се чувствувате привлечени од страсни, емотивни мажи и таканаречени „опасни момци“. Внимавајте, постои можност да наидете на агресивна личност која нема да има добри намери.

БЛИЗНАЦИ
Првата половина на мај е главно мирна, можеби и малку досадна во однос на претходниот месец. Љубовните врски можат да започнат неочекувано брзо, но и брзо да завршат. Ако веќе имате партнер, тогаш, со малку труд, можете да го подобрите квалитетот на комуникацијата, да ги решите проблемите и несогласувањата. Пред крајот на месецот можна е средба со бивши љубовници или вести за нив преку заеднички пријатели.

РАК
Мај е најважниот месец за вас оваа година бидејќи има големи шанси за судбоносни средби или раѓање на силна љубов кон некој што досега не сте го доживеале како потенцијален партнер. Ако сте во брак, грижете се за партнерот, слушајте што зборува, грижете се за неговите желби, правете компромиси и решавајте ги проблемите со дијалог. Настаните кои ќе се случат овој месец ќе бидат почеток на важна фаза во животот.

ЛАВ
Мај е најдобро време да воспоставите семејни врски, да признаете грешки, да започнете нова врска… Обидете се да се потрудите, бидејќи многу во односите зависи од вас. За да се одржи мирот и спокојството во семејството, сега е особено важно да се научи да се балансира помеѓу работата и слободното време, помеѓу општествениот и семејниот живот. Во средината на мај може да се случат работи кои многу ќе влијаат на вашата иднина.

ДЕВИЦА
Дури и во најтешката ситуација, знаете како да добиете задоволство, да се задоволите себеси и да бидете среќни. Многу работи се случуваат во вашата љубовна врска, особено со долгогодишниот партнер. Ако долго време сонувавте да основате семејство, сега е шанса тоа да се случи. Во овој период добро е да се решаваат финансиски, имотно-станбени прашања.

ВАГА
Мај е време на длабоки трансформации во љубовната сфера. Ќе разберете што е тоа што навистина го сакате и ќе почнете да го постигнувате. Ќе почнете да го забележувате вниманието што ви го посветуваат претставниците на спротивниот пол, што можеби досега не сте го виделе или не сте го сфатиле сериозно. Исто така, ве чекаат многу семејни и имотни проблеми да ги решите, не оставајте ги за подоцна.

ШКОРПИЈА
Проблемите градат карактер, а љубовта се тестира во тешки ситуации. Може да бидете разочарани од партнерот, а големи се шансите да се појави неоснована љубомора. Ќе има големи промени, голема е веројатноста да се појават луѓе од минатото, вклучувајќи ги и поранешните љубови. Разговарајте отворено за се што се случило, за вашите чувства, за причините за раскинувањето… После тоа, ќе почувствувате олеснување, а можеби ќе откриете дека љубовта сè уште не исчезнала.

СТРЕЛЕЦ
Љубовниот живот е многу интензивен и драматичен, но во втората половина од месецот започнува фазата на заситеност – ќе почнете да забележувате многу недостатоци кај партнерот, тоа ќе ве нервира, ќе сакате нешто ново и поинакво. Лесно можете да се впуштите во авантура, постојат шанси да ве привлече некој харизматичен странец. До крајот на месецот некој засекогаш ќе го напушти вашиот живот, а некој може да ви стане многу блиска и драга личност.

ЈАРЕЦ
Личните односи ќе бидат испреплетени со деловни, што може да предизвика проблеми. Ќе бидете вклучени во љубовни интриги, сцени и гласини на работа. Дури и ако се обидете да се држите настрана од тоа, околината ве вовлекува во оваа ситуација. Грижете се за вашата репутација, не ризикувајте ја без причина.

ВОДОЛИЈА
Во текот на мај многу работи ќе ви бидат тешки, ќе се соочите со многу препреки за да се зближите со саканата личност или потенцијалниот партнер. Пред крајот на месецот постои шанса да се смирите со бившата љубов или да ја подигнете постојната врска на повисоко ниво. Доколку патувате, ве очекува интересна средба која може да продолжи како врска на далечина.

РИБИ
Можете да промените многу во вашиот живот само ако одлучите да направите драстични потези. Можеби да се преселите во друга земја или друг град. Или можеби е време да ја раскинете токсичната врска и да започнете од почеток. Ова е добар период за ослободување од старото и неперспективно, за менување на средината.

By Author