Синот на јапонскиот премиер Фуми Кишида ќе поднесе оставка од функцијата помошник на премиерот, изјави денеска Кишида, откако фотографиите на неговиот син и други роднини, кои наводно се преправаат дека одржуваат прес-конференција во зградата на државната управа на резиденцијата, предизвикаа гнев во јавноста.

Кишида рече дека Шотаро Кишида ќе се повлече од функцијата секретар во четврток, велејќи дека промената се должи на „несоодветното“ однесување во официјалната резиденција.

Минатата недела јапонските медиуми објавија фотографии на Шотаро Кишида и други роднини на премиерот како се преправаат дека одржуваат конференција од говорницата на која вообичаено стои премиерот, пренесува Ројтерс.

„Неговото однесување во јавноста беше непримерно за некој на службена позиција како помошник. Решив дека е моја одговорност да го заменам“, рече Кишида.

By Author