Јапонија го одобри лекот “Paxlovid” против ковид-19, на американската компанија Fajzer, во време кога земјата се бори да го забави ширењето на инфекции поттикнати од вирусот омикрон. Се проценува дека оралните лекови ќе помогнат да се намали бројот на тешки облици на ковид болест и смртни случаи во таа земја. Владата обезбеди два милиони дози апчиња Фајзер, чија дистрибуција ќе започне во понеделник.
Одобрувањето за лек се дава за помалку од еден месец, што е исклучително брзо за земја каде одобрувањето за употреба на странски лекови обично трае многу подолго.
Министерот за здравство Шингејуки Гото рече дека Фајзеровата пилулата Паксловид обезбедува поголеми опции за третман за пациентите со висок ризик, вклучително и постарите лица и оние со други здравствени проблеми.
Големиот бројо на заразени меѓу постарите лица доведува до пренатрупаност во болниците во Токио и другите урбани области, а само околу осум отсто од населението примила засилувачка доза од вакцината.
Повеќето од 47 префектури во Јапонија се во блага вонредна состојба. Премиерот Фумио Кишида во петокот објави дека планира да ги продолжи ограничувањата на сила во Токио и во 12 други области до 6 март.
Јапонија смета дека оралните лекови ќе помогнат да се намали бројот на потешки форми на ковид и смртни случаи, а Кишида рече дека владата обезбедила два милиони дози од овие таблети. Министерот за здравство соопшти дека од понеделник ќе почне дистрибуцијата на апчиња.
Премиерот трпи се повеќе критики бидејќи споро се одвива примањето на бустер вакцини. Неодамна постави цел од еден милион дози до крајот на февруари, но експертите велат дека е предоцна да се постигне тоа.
Фајзеровата пилула, комбинација на антивирусни лекови нирматрелвир и ритонавир, е вториот орален антикоагулантен лек одобрен од Јапонија по антивирусната пилула молнупиравир од Мерк.
Јапонската компанија Шионгоги исто така е во завршна фаза од клиничките испитувања за нејзината таблета. Компанијата планира да обезбеди милион дози оваа година.