Јапонија денеска ги повика своите граѓани во Украина итно да ја напуштат земјата, се вели во советодавните упатства објавени денеска од јапонското Министерство за надворешни работи.

Според Министерството, околу 150 јапонски државјани се во Украина, пренесува Ројтерс

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјави дека новите руски сили продолжуваат да пристигнуваат на украинската граница и предупреди дека инвазијата на Украина може да започне во секој момент.

Претседателот на САД, Џозеф Бајден синоќа ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Украина и порача дека нема да испраќа војници да ги спасат Американците кои ќе бегаат од земјата, доколку Русија ја нападне.

Американскиот Стејт департмент претходно ги повика Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата поради, како што тврдат, „зголемените закани од руската воена акција“.

Москва негира какви било планови за напад на Украина.

By Author