Стотици илјади јапонски граѓани денеска добија совет да се евакуираат бидејќи бранови од повеќе од еден метар ги погодија крајбрежните области на таа земја, јави државната телевизија NHK, откако ерупцијата на подводен вулкан во Пацификот, во близина на островот Тонга, предизвика закана од цунами.
Околу 230.000 луѓе добија совети да се евакуираат во осум префектури поради опасност од цунами, објави NHK, а денешното предупредување ги вклучи и областите кои беа погодени од смртоносното цунами во 2011 година, пренесува Ројтерс.
На југот на Јапонија, во префектурата Кочи на островот Шикоку, забележано е превртување на 10 чамци, објави NHK, а авиокомпанијата Jeppen Airlines откажа 27 летови низ земјата.
Во текот на ноќта во некои области имало доцнење на железничките и поштенските услуги, објави Kyodo News, а имало и евакуирани кои ноќта ја поминале надвор, на студено време.
Црвеното предупредување за цунами, второ по јапонска скала, најпрво издадено за префектурата Ивате во северна Јапонија беше укинато подоцна наутро по локално време, а помалку сериозното жолто предупредување за цунами издадено за источниот брег на Јапонија беше укинато во 14 часот по локално време. , објави NHK.