Првото судење поради одлуката на австралискиот министер Алекс Хок во врска со депортацијата на првиот светски тенисер не донесе многу одговори на тениската јавност.
Првиот светски рекет нема да биде депортиран додека не заврши судскиот процес, а истиот е префрлен на Федералниот суд. Ѓоковиќ ќе помине во притвор до новото рочиште.
И покрај првите наводи дека дестинација каде Новак ќе го помине споменатиот период ќе биде озлогласениот хотел „Парк“, каде српскиот тенисер веќе помина одреден период по неуспешното слетување во Мелбурн, тоа нема да биде случај.
Претставниците на австралиските власти и одбраната на српскиот тенисер се договориле Ѓоковиќ да биде приведен на локација која не и е позната на јавноста.
Да потсетиме, адвокатскиот тим на Новак дефинитивно не може да биде задоволен од исходот на денешното рочиште. Покрај тоа што целиот случај ќе биде префрлен на Сојузниот суд, што автоматски значи многу подолг процес, српскиот тенисер дотогаш ќе мора да го мине во притвор. Сослушувањето на Ѓоковиќ е закажано за утре во осум часот наутро по австралиско време, што е десет навечер според средноевропско време.
Претставниците на првиот светски рекет се договориле со претставник на австралиските власти за местото каде Ѓоковиќ ќе биде во притвор. Добрата вест за Новак е што нема да може да биде депортиран од Австралија до крајот на судењето, но се добива впечаток дека судијката Кели не била доволно силна за да донесе уште поголема одлука од тоа.