На српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по невидена драма му е забранет влез во Австралија, а се чини дека нема да има можност да ја одбрани титулата и да испише историја.

Откако Новак ја извести јавноста дека патува за Мелбурн откако доби медицинско ослободување од вакцинација одобрено од лекарската комисија, се се преврте наопаку по бунтот на австралиските политичари.

Кога пристигнал на аеродромот во Мелбурн започнала вистинска драма која траела преку седум часа.

Првите информации беа дека тимот на Новак згрешил со документите за виза и дали, се набрзо ескалирало кога Новак бил однесен во посебна просторија каде бил под полициски надзор.

По седум часа во кои му бил одземен телефонот и бил оневозможен секој контакт со кој било, пристигнала информација дека му е одбиена визата и дека нема да може да влезе во Австралија.

Српскиот тенисер поднел жалба преку адвокат, но сите информации говорат дека шансите за негово усвојување се мали и дека во рок од 24 часа ќе има депортација и враќање во Европа.

Ова преку официјално соопштение го потврдија и австралиската гранична полиција, како и бројни владини претставници

За да биде скандалот поголем, влез добија, сите други тенисери кои се пријавија за медицинско ослободување.

By Author