Французите во одбрана на своите работнички права не бираат средства. Многу е лесно да се носат закони за зголемување на пензискиот стаж од државните фотељи.
Бензинот не само што е прескап во Франција, туку по цена од две евра за литар, се чини дека нема да има доволно. Актуелниот штрајк на рафинеријата поради пензиската реформа придонесе тој да биде таков.
На некои пумпи веќе почнаа да се создаваат редици. Снабдувањето, засега, не е доведено во прашање, бидејќи има залихи, но прашање е што ќе биде ако прекинот на работата потрае.
Сите се плашат од ситуацијата од минатата есен, кога имаше вистинска јагма за нафтата, бидејќи незадоволните работници тогаш штрајкуваа затоа што финансискиот колач не им беше поделен поради поскапувањето на бензините. Причините сега се различни, но проблемот можеби е ист.
Некои денеска и вчера почнаа да ги полнат не само резерварите, туку и канистерите, поучени од претходното искуство кога имаше тепачки на пумпите со видеа кои го обиколија светот.
Рафинериите сè уште преработуваат гориво, но нивните излезни порти се затворени. Исто така, магацините, од кои двесте, низ државата се преполни, со 30 дена залихи и продолжуваат да ги снабдуваат пумпите. Но, што ќе се случи кога ќе се испразни, прашуваат возачите.
Државата има и тримесечни стратешки залихи. Се ќе зависи од тоа колку ќе трае конфронтацијата меѓу властите и штрајкувачите за реформата на пензискиот систем. Работниците во рафинеријата се меѓу најодлучните.