Плаќањето со готовина може да ви помогне да заштедите
Дали претпочитате да плаќате со готовина или картичка? Во неодамнешното истражување на Центарот за истражување Пев, 41% од Американците рекоа дека не користат готовина за нивните секојдневни купувања. Исто така, 42% признале дека ретко имаат готовина при рака.
Иако не може да се негира дека кредитните картички ни го олеснуваат животот, плаќањето со картичка може да доведе до прекумерно трошење и долгови, со нивното користење доаѓа и помалата прегледност на фактичката состојба. Кога одиме во шопинг мора да признаеме деа многу полесно ќе ја поминеме картиката отколку да извадиме готовина од причникот.
Еден начин за решавање на овие проблеми е почесто да плаќате во готово. На тој начин ќе го потрошите само она што го имате и ќе избегнете такси за кредитни картички. Со текот на времето, оваа навика може да го олесни управувањето со вашите финансии и да престане со импулсното купување.
Користењето готовина наместо кредитни картички, исто така, може да доведе до поголемо задоволство, сугерира студија од 2015 година објавена во Journal of Consumer Research. Како што забележуваат експертите, луѓето кои плаќаат со готовина се чувствуваат повеќе приврзани за стоката што ја купуваат, пишува The List. Работата е во тоа што готовината се чувствува повеќе „реално“ од дебитна или кредитна картичка, а можноста да платите со готовина може да ви даде чувство на благодарност. Со овој пристап, имате целосна контрола врз вашите пари.
Сепак, тешко е да се концентрира само на готовина. Картичките нудат практичност што е едноставно неопходна во текот на денот. Наместо да бидете целосно строги, доколку планирате да пазарувате облека со пријател, оставете ги кредитните картички дома и носете го само она што ви треба, за да не трошите повеќе од планираното.
Размислете што сакате да купите, проценете ги трошоците и поставете максимален буџет. Експертот за лични финансии Дејв Ремзи препорачува да поставите буџет на почетокот на секој месец, да повлечете пари од вашата банкарска сметка и потоа да ги ставите парите во пликови. Ќе користите еден плик за намирници, еден за забава итн. Тоа е едноставен, ефикасен начин да бидете одговорни и да се држите до вашиот буџет.