На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа рускиот генерал-полковник Александар Лапин, кој на војниците им направил нови значки со симболот „О“. По тој повод зборуваше и за значењето на овој симбол.

На новите беџови, под буквата „О“ стои зборот „Храбар“
– Овој знак е привилегија на оној кој храбро го започна нападот и го победи непријателот – рече Лапин, обраќајќи им се на борците.

https://www.youtube.com/watch?v=Y_76SIoESek

– Патот до дома е само преку победа, немаме друг пат, инаку ќе има катастрофа – продолжи генералот.

– Ако јас и вие, браќа, не ја исполниме нашата должност, овде, на оваа земја, древната руска земја, тогаш сме безвредни. Тогаш Господ Бог, кога ќе дојдеме кај него, ќе не праша зошто не исполнивме – заклучи тој.

By Author