Принцезата Кристина, помладата сестра на шпанскиот крал Фелипе, се разведува од сопругот Ињаки Урдангарин по 25 години брак. Урдангарин е фатен во измама, по што Кристина решила да го напушти сопругот, а кралското семејство се соочува со нов скандал.
Кристина им се обрати на граѓаните со изјава, во која изјави дека се разведува од сопругот со кој има четири деца – Хуан (22), Пабло (21), Мигел (19) и Ирена (16).
„Заедно решивме да ставиме крај на нашиот брак. Посветеноста кон нашите деца останува иста“, напиша таа и ги замоли сите да ја почитуваат нејзината одлука и тешките моменти низ кои поминува семејството.
Се чини дека тоа нема да се случи, со оглед на јавната бура предизвикана од новиот скандал на кралското семејство. Скоро во сите медиуми во Шпанија беа објавени фотографии од сопругот на Кристина со друга жена. Работите да бидат уште полоши, Урдангарин накратко изјави за наводите за прељуба – „такви работи се случуваат“.
Наскоро поранешниот сопруг на шпанската принцеза беше ракометен шампион, а одлежа и затворска казна за проневера на државни пари. Неговата љубовница е атрактивната Аинхоја Арменти (43), сметководствена аналитичарка која работи во северниот баскиски регион.
Она што е особено интересно во приказната за кралскиот развод е поддршката што Кристина ја доби од застапниците на монархијата во татковината. Во кралското семејство на разводот не се гледа позитивно, дури и кога станува збор за личност која не е наследник на тронот. Но, Кристина доби неочекувана поддршка поради неверството на нејзиниот сопруг, кој сега се соочува со јавна осуда.
Јавното мислење за Урдангарин е многу лошо.Неговото заминување ја ослободува Кристина од товарот што требаше да го носи со години.Таа направи се за него,а тој замина со друга. Знаеме зошто е осуден на затвор и повеќе не е член на Кралското семејство. Неговото заминување треба да се гледа во позитивен контекст“, изјави шпанскиот аристократ Рамон Перез Маура.
Почеток од соништата
На почетокот на љубовната приказна на Ињаки и Кристина, сè изгледаше како од бајките. Една повлечена, конзервативно образована млада жена на Олимписките игри во Атланта 1996 година се заљубила во најзгодниот ерѓен во земјата инајдобар ракометар. Нивната врска по само една година заврши со брак, што според критериумите на нејзиното семејство е многу краток период. За тоа не се зборува јавно, но некои никогаш не се помириле со фактот дека впечатливиот Баскијец се оженил со принцеза покрај толку многу неженети благородници.
Угледот засекогаш уништен
Имиџот на принцезата Кристина беше нарушен во 2016 година, кога нејзиниот сопруг беше осуден на затвор за проневера на државни пари. Оттогаш, граѓаните на Шпанија ја гледаат како слаба, поводлива жена, која направи се што може за да му угоди на својат сопруг кој ја искористувал.
Урдангарин доби казна од половина милион евра и шест години и три месеци затвор. По жалбата на неговите адвокати, казната му беше намалена на пет години и десет месеци. Сега јавноста се прашува – како ќе продолжи понатаму понижената Кристина.
Со оглед на многуте неверства што ги претрпе нејзината мајка, кралицата Софија, многумина беа изненадени што Кристина цврсто реши да се разведе, но граѓаните на Шпанија се воодушевени што зетот што никогаш не го сакале повеќе не е дел од кралското семејство.