Ирскиот претставник во Европскиот парламент, Мик Валас, неодамна на седница на тоа тело изјави дека НАТО не е одбранбен сојуз, туку воена машина.
– Прашајте ги луѓето од Авганистан, Ирак или Либија за тоа. Вистинската цел на НАТО е одбрана на опаѓачката американска хегемонија и униполарниот свет. Затоа постои НАТО – рече Валас.
Претставникот на Ирска предупредува и дека секоја дискусија на таа тема е прикриена и вели дека НАТО не сака мир во Украина.
Сакам да знам што навистина сака ЕУ? – праша Валас.