Полицијата во Хондурас ја уапси шефицата на картелот Херлинда Монтес Бобадила, откако САД побараа екстрадиција на неа и на нејзините синови.

Полицијата ја уапсила Монтес Бобадиља по „интензивна пресметка“ во која бил убиен нејзиниот син Тито Монтес, пишува на Твитер комесарот на националната полиција Густаво Санчез Веласкез.

„Уапсени се уште три лица“, рече Санчез, без да ги каже нивните имиња.

Полицијата не соопшти повеќе детали за инцидентот.

Соединетите Држави ја обвинија Монтес Бобадила дека е водач на моќната организација за трговија со дрога Монтез.

На почетокот на овој месец, Соединетите Држави понудија награда од 5 милиони долари за информација што ќе доведе до нејзино апсење или за апсење на некој од нејзините синови – Тито Монтес и Хуан Карлос Монтес Бобадила, кој сè уште е во бегство.

Друг син на Монтес Бобадила, Ноа Монтес Бобадила, беше уапсен во 2017 година и екстрадиран во САД, каде што беше осуден на 37 години затвор за трговија со дрога.

Во април, Хондурас го екстрадираше поранешниот претседател на Хондурас Хуан Орландо Хернандез во Соединетите Држави под обвинение за трговија со дрога и оружје, за што тој се изјасни за невин.

Хондурас досега има екстрадирано најмалку 30 свои граѓани во Соединетите држави поради обвиненија поврзани со дрога.

By Author