Вчера Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни.
Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци.
Со воведување на оваа методологија ќе се овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт.
Според министерот за финансии Фатмир Бесими, средствата предвидени за оваа намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но и со ребалансот на буџетот.