Тим од Универзитетот во Берн во Швајцарија проучувал 165.000 возрасни лица во Велика Британија и 15 други земји, кои биле прашани колку се задоволни од нивната врска.

Научниците открија дека паровите се помалку задоволни од нивната врска по 10 години брак.

Д-р Јанина Булер, еден од авторите на студијата, рече:

„За време на врската, паровите разговараат меѓу себе помалку ефикасно. Тие исто така покажуваат помала наклонетост и сексуална возбуда еден кон друг. Тоа со текот на времето ги прави партнерите помалку задоволни, па многумина ќе се разделат“, рекол докторот.

Сепак, има надеж, бидејќи ако парот сфати дека има проблем во комуникацијата и интимната сфера, може да работи на измазнување на врската.

Научниците рекоа дека задоволството во врската почнува повторно да расте пред дваесетгодишнината.

Тим од Швајцарија, кој работеше на студијата, рече дека подигањето на свеста на луѓето дека е нормално да се доживее пад на задоволството во врската помага да се „спротивстават на нереалните очекувања“.

By Author