Парламентарната комисија за безбедносна политика во Берн со вчерашната одлука дозволи трети лица да достават оружје од швајцарско производство во Украина.
Досега швајцарските закони забрануваа таков извоз во земјите вклучени во меѓународни конфликти, но Берн сега дозволува оружје од домашни производствени линии, преку други земји, да го најде патот до Киев. Предлогот оди на гласање во парламентот.
Притоа, оваа нација ефективно го прецрта сопственото законско ослободување за испраќање оружје во земјите во војна и се збогуваше со својата традиционална неутралност. Со 14 гласа „за“ и 11 „против“ беше усвоен предлогот на новиот закон за воен материјал, со што повеќе не се бара почитување на правилата кои не дозволуваат доставување оружје на земјите во кои беснее војна. . Новото решение практично го суспендира ова правило „во случаи кога има повреда на меѓународната забрана за употреба на сила, а особено во случајот на руско-украинската војна“, се вели во соопштението. Тоа е, како што велат аналитичарите, еден вид lex specialis.
„Мнозинството од членовите на Комисијата веруваа дека Швајцарија треба да придонесе за европската безбедност, која оди преку позначајна помош за Украина“, се додава. Швајцарија, според тоа, ќе донесе итен закон со кој ќе се укине претходно важечкиот предуслов, во борбата против тековниот конфликт со Русија, наведува АФП. Промената треба да се случи брзо и да остане во сила до крајот на 2025 година, се наведува во предлогот.
Швајцарската влада сè уште може да стави вето на трансферот на оружје во случаи кога тоа би претставувало „големи ризици за надворешната политика на земјата“.
Одговарајќи на веќе пристигнатите приговори од опозицијата дека ваквите трансфери ќе ја загрозат традиционалната неутралност на Швајцарија, повеќето креатори на новото решение сметаат дека предлогот е целосно усогласен, „бидејќи не дозволува директен извоз на воен материјал во областите во конфликт“.
Русија веќе предупреди дека Швајцарија ја загуби својата традиционална неутралност минатата година, кога Алпската конфедерација се приклучи на санкциите на ЕУ против Москва поради конфликтот во Украина.