Швајцарската Влада вчера соопшти дека ги укинува речиси сите ковид мерки, а до крајот на март останува правилото за носење маски во јавен превоз и во здравствени установи, како и изолација на пациентите заразени со ковид.
Повторно е можен влез во продавноци, ресторани, културни манифестации, институции отворени за јавноста и собири без маски.
Тие ги поништуваат и ковид сертификатите
Се укинува и задолжителното покажување на ковид сертификат на поголемите собири, ограничувањата на приватните собири и ограничувањата на капацитетот на продавниците на мало и жичарите.
Според федералните власти епидемиолошката состојба во државата е добра и продолжува да се развива во позитивни насоки. значителна циркулација на вирусот сеуште постои , но поради значително зголемениот имунитет на населението тие веруваат дека нема да дојде до преоптеретување на здравствениот систем.
Повеќе од 90 проценти од населението има стекнато имуните, 69 проценти од Швајцарското население е целосно вакцинирано.
Оваа алпска земја од почетокот на Ковид пандемијата пријавила скоро 12530 смртни случаи од ковид, што е повеќе од 144 смртни случаи на 100 000 жители.