Текот на пандемијата многумина од нас ја искористија да ја истражат Македонија која секако има што да понуди.Неоткриените водопади,прекрасната природа и автентичните села се само дел од она што го посетивме,а покрај сите тие помалку или повеќе познати места сега за око ни западна чудото од село Каласлари во велешко.Манастирот е опкружен со недопрена природа и мир и секако е место кое вреди да се посети но тоа не е се што го нуди ова место во селото Каласлари се појави чудо за кое сеуште не знаат многумина.

Имено како што кажуваат локалните жители лицето на светец се појавува покрај манастирот Св.Илија кој се наоѓа во селото. Селото е населено од околу 700 жители и се дели на Горно и Долно Каласлари.

Манастирот има и своја слава на Илинден а секоја година на овој ден се организира и искачување од Велес во кое велешани со искачување на врвот Св.Илија стигнуваат до крстот над градот а потоа и до манастирот.Ако до сега не сте го посетиле имате прилика да го посетите овој втори август.

By Author