Најмалку 17 лица загинаа вчера, а десетици се повредени во напад на локалната милиција во градот Џебел Мун, во провинцијата Дарфур во западен Судан, соопшти координативниот комитет за бегалци и раселени лица.
Се наведува и дека во вчерашниот напад изгореле четири села.
Според Ројтерс, слично крвопролевање се случи на почетокот на оваа недела кога беа убиени 16 лица, а само неколку месеци претходно регионот го потресе бран големи немири, истакнаа активисти на комитетот.
Групите за помош на бегалците и раселените лица во Дарфур веќе долго време бележат нагло зголемување на крвопролевањето и раселувањето, и покрај потпишувањето на мировниот договор во октомври 2020 година.