Властите на Велика Британија одлучија да го замрзнат имотот на седум руски олигарси, меѓу кои и Роман Абрамович, што ќе го погоди Челзи.
Обединетото Кралство ги замрзна имотите на Роман Абрамович, Игор Сечин, Олег Дерипаска и Дмитриј Лебедев, откако тие беа додадени на листата на санкции на таа земја.
Тоа автоматски значи дека и продажбата на клубот е замрзната, овој процес нема да може да се заврши во догледно време.
Челзи ќе продолжи да работи под посебна лиценца, но клубот нема да смее да продава билети.
На натпреварите ќе можат да одат само сопствениците на сезонски билети.
Исто така, нема да биде дозволена продажба на реквизити во клупските продавници, нема да има трансфери на играчи или нови договори, ќе бидат дозволени само угостителски услуги.