Тихоокеанската држава Тонга беше зафатена од цунами по вулканска ерупција на дното на Тихиот Океан.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како огромни бранови удираат на брегот и луѓе кои се обидуваат да побегнат од водената стихија, пренесува Срна.
Да потсетиме, островот Тонга издаде предупредување за цунами за целиот архипелаг, откако вулканот Хунга Тонга Хунга Ха’апаи повторно еруптираше во петокот.
Вулканот, кој се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од островот Фонуафоу, еруптираше претходно минатата година.
Радио Нов Зеланд објави дека ерупцијата имала радиус од 260 километри и била седум пати посилна од претходната ерупција, која се случила на 20 декември.
Ројтерс јавува дека постои опасност за уште една земја, Американска Самоа, од силните океански струи кои можат да бидат опасни покрај плажите во пристаништата.