Будистичкиот лидер Далај Лама се извини откако бакна дете во уста, објави Си-Ен-Ен. Инцидентот се случил на настан во северна Индија, а на видеото се гледа како Лама го бакнува момчето во уста и наводно му вели „цицај ми го јазикот“.
Во денешното соопштение, канцеларијата на Далај Лама соопшти дека сака да им се извини на момчето и неговото семејство, како и на многу пријатели ширум светот за болката што можеби ја предизвикале неговите зборови, додавајќи дека „жали“ за инцидентот.
Неговата Светост често се шегува со луѓето што ги среќава, на невин и забавен начин, дури и јавно, пред камерите“, се вели во соопштението.
Инцидентот кој ја згрози јавноста се случи во градот Дарамшала во февруари, но дури сега се појави на социјалните мрежи, што го презедоа светските медиуми.
Коментирајќи го инцидентот, групата за права на децата Хак со седиште во Делхи изјави за Си-Ен-Ен дека ги осудува сите форми на злоупотреба на деца.
„Некои велат дека е дел од тибетската култура да се покаже јазик, но ова видео сигурно не е за никаков културен израз. Дури и да е, таквите изрази не се прифатливи“, рече Хака.
Ова извинување не е прво што Далај Лама го упатува во последните години.
Тој се извини во 2019 година, по интервјуто за Би-Би-Си, кога рече дека ако го наследи жена Далај Лама, таа ќе мора да биде „поатрактивна“.