Голем пожар избувна денеска во централно Мексико кога цистерна со гориво удри во надвозник покрај железничка пруга, по што некои куќи почнаа да горат.

Густ чад набрзина ја покри областа, по што беше извршена голема евакуација

Жртви нема, соопштија локалните власти.

Како што пренесува Ројтерс, на видеото се гледа како воз поминува низ пожарот, по инцидентот во градот Агуаскилентес.

Несреќата се случила во градот Агуаскилентесс, а пожарот зафатил бројни куќи во близина. Само од чиста среќа никој не бил повреден.

https://www.youtube.com/watch?v=RsbdEPJJ7NE

Мигел Муриљо, началникот на противпожарната бригада нАгуаскалиентес, изјави дека меѓу 800 и 1.000 луѓе се евакуирани, а видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како товарен воз со полна брзина минува низ пламените јазици и зафаќа се пред себе.

Возачот на цистерната е уапсен, додаде Муриљо.

By Author