Цената на златото е на пат кон најголем месечен пораст од јули минатата година, водена од ризикот од инфлација пред објавувањето на клучните податоци за економското закрепнување на САД и ослабената вредност на доларот.

Некои претставници на ФЕД изјавија дека може да се очекуваат притисоци во цените поради зголемената побарувачка со повторното отворање на економијата. Индексот на PCE што го користеше ФЕД за проценка на инфлацијата се искачи на 3,6 отсто, што е највисок раст од 2008 година, објави Блумберг.

Вредноста на златото ги надокнади сите загуби од 2021 година како еден од металите со најдобри перформанси во мај, во услови на знаци на пораст на инфлацијата и потенцијално нееднакво економско закрепнување, поради повторното ширење на вирусот корона во некои земји.

Според аналитичарите, мај беше одличен месец за цената на златото, што се должи на малку пониската вредност на доларот, пониските приноси на обврзниците и изненадувачки високиот CPI, што предизвика стравувања во инфлацијата.

Цената на златото минатата недела достигна вредност од 1.912,76 долари за унца (31 грам), што е највисока од 8 јануари. Цените на среброто, паладиумот и платината исто така се зголемија, а експертите проценуваат дека нивниот натамошен пораст е неизбежен.

By Admin