Финската државна железничка компанија „ВР Груп“ до крајот на годинава целосно ќе го запре транспортот на стока во Русија, изјави извршната директорка на компанијата Елиса Маркула.
– Товарниот сообраќај кон исток целосно ќе биде прекинат најдоцна до крајот на оваа година – рече таа, пренесува весникот „Каупалехти“.
Финската компанија до крајот на септември го намали товарниот сообраќај кон Русија за 65 отсто.
Оваа пролет, Финска објави дека има намера целосно да го запре железничкиот товарен сообраќај кон Руската Федерација.
„ВР Груп“ на 28 март го прекина патничкиот сообраќај на линијата Хелсинки – Санкт Петербург на неопределено време.